Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес ги прими и им додели благодарници на одбојкарките од ООУ “Партенија Зографски”, кои од државниот натпревар кој се одржа во Кавадарци пред 4 дена се вратија со освоено второ место.
Во изминатиов период, оваа училишна екипа предводена од наставникот Мартин Мартиновски, освои прво место на регионалниот натпревар, со што, како најдобра во Скопје, екипата се стекна со право за учество на државниот натпревар.
Во Кавадарци, меѓу четирите најдобри тимови од Македонија, одбојкарките од ООУ “Партенија Зографски” го совладаа Кавадарци со 2:0, a по финалниот меч со одбојкарките од Струмица го освоија вицешампионското место на државниот натпревар.
Честитајќи им за големот успех, градоначалникот Темелковски им се заблагодари за унапредувањето на спортот, пред се на локално ниво, и им даде ветување дека Општината ќе продолжи со своите заложби за поддршка на спортистите и спортските клубови од овој дел на градот.