Вечерва градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски ќе одржи работен состанок со граѓаните од урбаната заедница Пржино.
На оваа средба исто како и на досега одржаните граѓаните пред градоначалникот Темелковски ќе имаат можност да ги претстават своите проблеми и барања, како и да дадат предлози и идеи за подобрување на животот во нивната урбана заедница.
Имено, градоначалникот ќе ги информира граѓаните и за активностите кои општина Кисела Вода ќе ги преземе за подобрување на квалитетот на животот во урбаната заедница. Покрај ова, граѓаните ќе имаат и можност да изберат и свои претставници во советот на УЗ Пржино.
Средбата ќе се одржи во просториите на УЗ Пржино, со почеток во 19:00 часот.