Во Кисела Вода започна „Балкан куп 2018“. На овој балкански турнир кој е под покровителство на градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, а во организација на ФМП Академија, младите кошаркари од Македонија, Србија и Бугарија, од денес па се до недела ќе одиграат повеќе натпревари. Кошаркарите кои се натпреваруваат на овој куп се на возраст до 14 годишна возраст.
Почетокот на „Балкан куп 2018“ беше означен со одигрување на првиот натпревар помеѓу екипите на Балкан и Буба баскет. Во моментов во тек е натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Актавис, додека од 18:00 часот во салата на средното фискултурно училиште силите на теренот ќе ги одмерат екипите на ФМП Академија и Балкан. Во истата сала вечерва со почеток од 20:00 часот ќе играат и кошаркарите на екипите Пловдив и Актавис.
Покрај ова, љубителите на кошарката утре и задутре ќе имаат можност да проследат уште неколку натпревари.
Истите ќе се одиграат во спортската сала „Независна Македонија“ според следнава програма:
24.03.2018
09:00 ФМП Академија - Буба баскет
11:00 Вардар - Пловдив
15:00 А3 - В3
17:00 А1 - Б2
19:00 А2 - Б1
25.03.2018
09:00 Ќе се игра за трето место
11:00 Финале