Љубителите на спортот вечерва ќе имаат можност да го проследат ракометното дерби помеѓу екипите на РК Спартак од Кисела Вода и РК Партизан од Гевгелија. Овој натпревар е во рамки од првата ракометна машка лига.
Имено, екипата од Кисела Вода досега од одиграни пет натпревари само еднаш е поразена во лигата.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ со почеток во 20:30 часот. Влезот на истиот е бесплатен.