Пролетната дератизација која Општина Кисела Вода ја започна пред две седмици продолжува да се одвива на цела територија на општината. Со истата досега беа опфатени 688 шахти во населбата Драчево, село Драчево и Пинтија.
Уништувањето на глодарите оваа работна недела ќе продолжи во урбаната заедница Пржино, по што ќе следат и останатите месни и урбани заедници во Кисела Вода.
Дератизацијата ја спроведува фирмата Токси Вет преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, со поддршка од ЈП Водовод и канализација.