Општина Кисела Вода додели нови 60 ваучери за новороденчиња

Рејтинг на корисник:  / 2
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода денес додели нови 60 ваучери за семејствата со новороденче од овој дел на градот. Од нив 34 беа за женски, а 26 за новородени машки дечиња. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на Oпштината.

Истиот има за цел да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на Општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител.

Заедно со барањето тие треба да достават на увид  важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре Драчево ќе биде без вода https://t.co/N2wIwdNVdJ
4hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во Општина Кисела Вода се одржа ОТВОРЕНА ТРИБИНА со градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/R2ukkZQBvR
9hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре, ликовен хепенинг, спортски активности и совети од полицијата во паркот Шопен https://t.co/tgBJMhUBLa
11hreplyretweetfavorite