Од среда ќе се собира кабаст отпад и во другите месни и урбани заедници

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Продолжува акцијата за собирање на кабаст отпад во Општина Кисела Вода. Откако минатата седмица сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита го собраа габаритниот отпад од Пржино, Црниче, Цветан Димов, Бирарија, Кисела Вода и Расадник, оваа седмица ќе бидат опфатени следните месни и урбани заедници:

 

16. 05. 2018 година (среда) од 07:00часот– 11:00 часот

- Урбана заедница  11 Октомври – згради.

- Урбана заедница 11 Октомври – бараки

17.05.2018 година ( четврток)  од 07:00часот– 11:00 часот

- Месна заедница Усје

- Месна заедница Пинтија

- Месна заедница Стаклара- Каменик

18.05.2018 година ( петок) од 07:00часот– 11:00 часот

-Урбана заедница ,, Бобан Трпков" населба Драчево

- Месна заедница  село Драчево

- Месна заедница Подстаница

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домовите, колективните згради на пошироките улици на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата. Воедно, потсетуваме дека вон определениот датум и времене е дозволено одлагање на кабастиот отпад. Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад).

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Целосна реконструкција на тоалетите во објектот "Сончоглед" при ЈДГ „Весели Цветови“ https://t.co/fiuJXesfmJ
16hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Дел од населба Драчево без вода https://t.co/IFMxedZnAE
O_KiselaVoda "Соседска патрола" низ Oпштина Кисела Вода за поголема безбедност на граѓаните https://t.co/rXhNry8jkm