Баделки ја освоија титулата во македонското првенство

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Клубот од Кисела Вода на гостински терен ја порази екипата на ЖКК Вардар со резултат 55-76.  

Кошаркарките од ЖКК Бадел 1862 и на овој натпревар ја имаа поддршката од градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.

-Задоволството е големо, по освојувањето на петтата последователна шампионска титула,особено ако се земе предвид дека минатата година клубот го напуштија три квалитетни кошаркарки во странство,бројни повреди и кооптирање на млади кошаркарки во првиот тим. Но, со многу работа, желба и посветеност квалитетот дојде до израз, доминанто ја освоивме титулата. Би сакал да искажам голема благодарност до девојките, стручниот тим и управата на клубот, и секако до градоначалникот Филип Темелковски кој со своето присуство и бодрење на нашиот клуб на натпреварот допринесе за освојување на титулата, како и преку  поддршката на финансиски и логистички план која ни ја овозможи. Се ова не обврзува за уште поголеми успеси во иднина како би и се одолжиле на општината, Одделението за спорт и градоначалникот за нивната поддршка со надеж дека во иднина истата би се продлабочила – изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862

За најдобар играч на ова дерби беше прогласена репрезентативката Александра Стојановска, кошаркарка на ЖКК Бадел 1862.

-Пред се сакам да им честитам на моите девојки за добрата игра, желбата и за борбеноста што ја покажаа цела оваа сезона, а како резултат на се тоа ја освоивме и 5 - тата титула по ред во домашното првенство. Сакам да им се заблагодарам на сите девојки, на нашиот тренер кој е најзаслужен за се, како и на целиот стручен штаб на нашиот тим Бадел 1862 кој заедно со Општина Кисела Вода и одделението за спорт, ни овозможија добри услови за работа и ни даваа неизмерна поддршка во текот на целата сезона. Најголема благодарност и до нашата прекрасна публика која секогаш е со нас во добро и во лошо. Ова беше една тешка сезона за нас, се соочивме со многу повреди и лоши моменти, но и покрај тоа работевме доста напорно, едноставно игравме една за друга на терен и мислам дека сосема заслужено победивме на крај. Исто така сакам да им честитам на колешките од екипата на Вардар за добрата игра и борбеноста што ја прикажаа – изјави   Александра Стојановска, репрезентативка и кошаркарка на ЖКК Бадел 1862    

Фото: http://mkf.mk/post.php?id=1643

 

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во недела големо ракометно дерби во Кисела Вода https://t.co/qx7E3gzq1o
O_KiselaVoda Во Кисела Вода ќе се одржи Куп на Македонија - турнир во џиу-џица борби https://t.co/TCkeo4Cky8
O_KiselaVoda Нека ни е честит и вековит Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј https://t.co/Ls5M59OlBO