Градската одбојкарска лига - Скопје ќе финализира во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Лубителите на одбојката денес во спортската сала „Независна Македонија“ ќе имаат можност бесплатно да проследат неколку финални натпревари во женска одбојка.

Имено, натпреварите се играат во рамки на градската одбојкарска лига - Скопје. Во  оваа лига се натпреваруваа 30 екипи од 10 скопски одбојкарски клубови и школи, повеќе од 450 млади одбојкарки. Учесничките беа поделени во 5 категории, родени 2001, 2002, 2003, 2004, 2005 и помала возраст. Првиот дел од овие натпреварувања се одигра лига систем, а се завршува со финалните натпревари. Оваа сезона се одиграа 137 натпревари.

Финалните натпревари ќе се играат по следните термини;

11:00 часот    категорија 2003      Форца Волеј Ема - Ѓорче Петров

12:00 часот    категорија 2005      Бест Волеј - Форца Волеј Ема

13:00 часот    категорија 2001      ЈВ Работнички АЈА - Јанта Волеј

14:00 часот    категорија 2004      Јанта Волеј - Вардар

15:00 часот    категорија 2002      Форца Волеј ЕМА - Јанта Волеј

На крајот најдобрите три екипи од секоја категорија ќе добијат пехар, а останатите учеснички ќе добијат диплома за учество.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Следува богат спортски викенд во Кисела Вода https://t.co/FuWzSPABGN
1hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Од денес на улицата „Антон Попов“ се воведува привремен сообраќаен режим https://t.co/eYj7BZCmx9
6hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик https://t.co/Lrone9unY2