ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ доби целосно опремена сензорна соба

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во општинското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода пуштена е во употреба целосно опремена сензорна соба за дечињата со посебни образовни потреби.

Имено, Ротари клубот Скопје - Кирил и Методиј во соработка со Ротари клуб Скопје - Вест и АРС Ламина целосно реновира просторија, опреми училница - сензорна соба наменета за децата со развојни нарушувања и аутизам вклучени во редовната настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. Во просторијата поставена е нова електрична инсталација,  поставени се лед светла кои позитивно ќе влијаат врз сетилата на децата со посебни потреби, а во делот околу осветлувањето поставен е и гипс картон. Оваа училница доби и нови прозорци на кои залепена е украсна фолија. Покрај ова, донирани се меки подлоги за под и лепенки кои ги красат ѕидовите со јунаците од популарните цртани филмови.

За потсетување, предходно училиштето од страна на претставници од Lions club international беше доставена донација од дидактички материјал, разни реквизити и играчки, кои ќе бидат од корист за учениците со пречки во развојот и аутизам.

На официјалното пуштање во употреба на сензорната соба присутни беа Горан Петковски, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, претставници на Ротари клуб Скопје - Кирил и Методиј, Ротари клуб Скопје - Вест, Сашо Јовановски, директор на училиштето и Велика Миленковска, дефектолог кој ќе работи со дечињата кои имаат пречки во развојот и аутизам.

 

 

 

 

 

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Следува богат спортски викенд во Кисела Вода https://t.co/FuWzSPABGN
38mreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Од денес на улицата „Антон Попов“ се воведува привремен сообраќаен режим https://t.co/eYj7BZCmx9
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик https://t.co/Lrone9unY2