Во Кисела Вода се одиграа кошаркарски натпревари до 12 години

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Вчера во спортската сала „Независна Македонија“ во организација на Македонската кошаркарска федерација се одиграа четири кошаркарски натпревари.

 

Имено, кошaркарските натпревари се играа во рамки на завршниот турнир за млади кошаркари до 12 години.

Резултатите од одигрувањето на натпреварите се следните;

МЗТ С.А. - Баскет Кам 70-45

Вардар 2 - Спортисимо 63-41

Вардар 1 - ДИно Баскет 65-25

Водњански Лисици - ФМП Академија 2-0

Денес во рамки на ова натпреварување во малата сала „Кале“ ќе се одиграат два полуфинални натпревари, додека утре во истата сала ќе се игра за трето место и за шампионска титула. На првиот полуфинален натпревар со почеток во 17:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат младите кошаркари од МЗТ С. А. и Водњански Лисици, а на вториот кој е закажан два часа подоцна ќе играат екипите Вардар 2 и Вардар 1.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Следува богат спортски викенд во Кисела Вода https://t.co/FuWzSPABGN
1hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Од денес на улицата „Антон Попов“ се воведува привремен сообраќаен режим https://t.co/eYj7BZCmx9
6hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик https://t.co/Lrone9unY2