Свечено отворени "Три круши 2018", одржана уште една "Коријада"

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Со два одлични концерти, на градскиот дувачки оркестар при МКЦ и КУД Китка, вчеравечер свечено беше отворено културното лето “Три круши 2018”. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски кој ја поздрави публиката и говореше за курсот по кој ќе се движи годинешната манифестација.

-Ви посакувам добредојде на 13-тото по ред културно лето “Три круши”. Низ годините наназад , оваа манифестација, стана препознатлив белег на Општина Кисела Вода, бидејќи секое лето, тука, во селото Драчево, на Трите круши, ги собира љубителите на културата и уметноста, збогатувајќи ја културната понуда на главниот град. Заложбите за развој на културното живеење, продолжуваат и во оваа, нова, веќе 64-та година од постоењето на Општина Кисела Вода-истакна градоначалникот Темелковски. Додаде дека изборот на содржините во програмата е направен така што секој може да најде нешто по свој вкус.

Пред почетокот на музичкиот дел, говореше и отец Гоце Димитриевски, од црквата Св. Спас кој упати благослов и им посака здравје, среќа и благосостојба на сите присутни.

Дувачкиот оркестар при МКЦ и понуди на публиката незаборавно доживување. Од сцената на “Три круши” одекнаа светски популарни музички хитови во нивна адаптација. Присутните уживаа во најголемите хитови на ABBA, Europe, хитови како “Strangers in the night”, но и преработка на “Народе македонски”, како и бразилска самба.

 

Следеше голем концерт на Културно Уметничкот Друштво од Драчево, “Китка”. Настапот го започнаа со изведба на нивното традиционално оро, “Драчевка”, a потоа следеа Водарки “, „ Тресеница “,  „ Жетварки, „ Повардарие “ , „ Пајдушко – Бувчанско “, „ Источна”.

КУД “Китка“ од Драчево кое дава голем придонес за афирмација на македонскиот фолклор и традиција, претставувајќи го во најдобро светло ширум светот, уште еднаш доби огромни аплаузи од сите кои одлучија да бидат дел од отворањето на 13-тото издание на оваа манифестација.

 

Ќе потсетиме дека следниот настан од “Три круши 2018” е закажан за во четврток, кога ќе настапат Александар Митевски и DJ FICHO, во петок Дани Димитровска со бенд, а саботата е резервирана за целовечерниот концерт на Миле Кузмановски.

Инаку, на отворањето на културното лето му претходеше уште еден настан кој се одвиваше во попладневните часови. Во паркот Шопен се одржа хуманитарна Коријада, во организација на Општина Кисела Вода, преку Одделението за култура и Здружението на пензионери од општина Кисела Вода, со поддршка од Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода.

Посетителите купуваа од изложените бели печива изработени од активот на жените пензионерки од Кисела Вода, а собраните средства од продажбата се наменети за хумани цели, односно за Црвениот крст кои ќе ги распредели на социјално загрозени лица.

 Лекарски тим, пак, вршеше бесплатни прегледи и даваше бесплатни лекарски совети. Граѓаните имаа можност да го проверат својот крвен притисок и состојбата на шеќер во крвта.

Пред почетокот на културно уметничкиот дел во изведба на Здружението на пензионери “Кисела Вода”, свое обраќање имаше и градоначалникот Филип Темелковски кој ја упати својата благодарност до сите учесници во настанот и потенцираше дека се надева на понатамошна добра соработка.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во основните училишта во Кисела Вода почна кампања за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства https://t.co/EONRyqv2to
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние https://t.co/2qa6aG05y7
O_KiselaVoda Сениорките, младинките и кадетките на ЖКК „Бадел 1862“ имаа победнички викенд https://t.co/TmDgW05Jbv