Известување од Општина Кисела Вода во врска со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во врска со реакциите кои пристигнуваат до Општина Кисела Вода за проблемите поврзани со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги кој е лоциран во Кисела Вода, сакаме да ја известиме јавноста, а најмногу жителите на овој дел од градот, за динамиката на нашите преземени активности во насока на решавање на ова горливо прашање.

Проблемот со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги Кисела Вода е децениски, и не е локален, туку е глобален, предизвикан од многу аспекти, па поради тоа реално е потребно поголем временски период за да се постигнат видливи резултати. Општината Кисела Вода нема директни ингеренции и надлежности за да го реши, но тоа не значи дека се оградува и дека не делува.

Општината веќе извести за оствареното партнерство и соработка со Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје, Оддделението за недозволена трговија, ПСОН Кисела Вода, ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, Центарот за превенција и третман на зависност од дроги-Кисела Вода, здруженијата ХОПС, Доверба, и преставниците на жителите, Рубенс Муратовски и Методија Тотиќ, и остварување на првата заедничка средба.

Градоначалникот на Општината Кисела Вода со своето делување ја продолжува иницијативата за надминување и решавање на проблемот кој го имаат жителите на Кисела Вода, а е поврзан со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги, преку остварување на партнерство и соработка и со Министерството за труд и социјална политика, со Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, со Академијата за судии и јавни обвинители, со Град Скопје - Одделение за социјална, детска и здравствена заштита, со ЗЕЛС и со здружението РЕТО НАДЕЖ.

Од остварените поединечни средби со сите партнери и соработници, од Општината произлегоа предлог мерки кои се доставени до Министерството за здравство, со цел истите да бидат опфатени при анализата и одлуката на Министерството.

Согласно договореното и ветеното на првата средба, кон крајот на месец јули ќе се одржи работен состанок, на кој покрај учесниците од првата средба, ќе присуствуваат и претставници од новите партнери и соработници, и на која ќе се презентираат анализите од кои произлегле краткорочните и долгорочните мерки кои ќе се преземат, со временска рамка на спроведување. Спроведените мерки значително ќе придонесат за подобрување на сликата за Центарот за превенција и третман на зависности од дроги.

Во меѓувреме, додека не се отпочне со спроведување и реализирање на мерките, Општината Кисела Вода моментално прави се што е можно преку надлежните и овластени лица за отстранување на медицински инфективен отпад, да се одржува хигиената околу Центарот, и за  преку ПСОН Кисела Вода да се одржува јавниот ред и мир.

Воедно, Ве известуваме дека освен заложбите за правилен третман на лицата кои се зависници од дроги, Општината Кисела Вода поздравува, поддржува и иницира нулта толеранција кон недозволената трговија со дроги. Во таа насока, ја поздравува и големата акција на Министерството за внатрешни работи во Струга за сузбивање на недозволената трговија со дроги.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda „Слободно Скопје, чисто Скопје“ утре во Општина Кисела Вода https://t.co/ioCUcYeEaD
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Академија ФМП од Кисела Вода триумфираше во Крива Паланка https://t.co/c3s381zL1T
15hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda РК Јуниор Кисела Вода повторно на врвот во Првата лига https://t.co/BUx2tAv2ls
17hreplyretweetfavorite