Утре, вторник, во периодот од 10:30 до 15:30 часот, корисниците од улиците „Дренак“ и „Драга Стојановска“ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.