Кампањата „Лето без пожари“ во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со полициските службеници од СВР – Скопје на учесниците во сообраќајот и случајните минувачи им укажуваше за превенција и внимание во летниот период од пожари. Покрај ова, граѓаните добија шише вода и едукативни флаери.

Имено, кампањата „Лето без пожари“ која Општина Кисела Вода ја подржа се спроведува во соработка со Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи - Скопје и Полициската станица од општа надлежност - Кисела Вода. Истата има за цел спречување на пожари предизвикани од невнимание од страна на граѓаните, подигнување на свеста за заштита и зачувување на зелените површини, како би се намалиле еколошките штети, а со тоа би се подобрила и безбедноста на сите граѓани.  

Кампањата „Лето без пожари“ која СВР - Скопје ја започна во месец јуни ќе продолжи да се одвива до крајот на летниот период во сите делови на територијата на град Скопје.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик https://t.co/Lrone9unY2
15hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во Кисела Вода одбележани 169 години од смртта на Фредерик Шопен https://t.co/BU62mgfMkD
O_KiselaVoda Денес дел од Кисела Вода без струја https://t.co/KDfxymEbbn