Ве известуваме дека Четиринаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 27.09.2018 година, четврток, со почеток во 10:30 часот, со следниот дневен ред:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
-Усвојување на Записникот од 13-та пленарна седница
1.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште „Кузман Јосифовски –Питу“ за учебната 2018/2019 година;
2. Годишна програма за работа на Општинското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ за учебната 2018/2019 година;
3.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште „Партенија Зографски“ за учебната 2018/2019 година;
4.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште „Невена Георгиева-Дуња“ за учебната 2018/2019 година;
5.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште „Кузман Шапкарев“ за учебната 2018/2019 година;
6.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Кисела Вода за учебната 2018/2019 година;
7.Годишна програма за воспитно образовната работа на Општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ во учебната 2018/2019 година;
8.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште „Круме Кепески“ во учебната 2018/2019 година;
9.Годишен извештај за работа на ЈДГ „8 Март“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје за 2017/2018 година;
10.Годишна Програма за работата на ЈДГ „8 Март“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје за учебната 2018/2019 година;
11.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на Јавната детска градинка „8 Март“ - на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
12.Предлог-Одлука за давање Согласност на Јавната детска градинка „8 Март“ на Општина Кисела Вода во град Скопје за работа со поголем број деца од утврдените стандарди и нормативи на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (Службен весник на РМ бр. 28/14, 40/14, 136/14, 71/15 и 170/16);
13.Годишен извештај за работа на ЈДГ „Весели Цветови“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје за 2016/2017 година;
14.Годишна Програма за работата на ЈДГ „Весели Цветови“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје за учебната 2017/2018 година;
15.Предлог-Одлука за давање Согласност на Јавната детска градинка „Весели Цветови“ на Oпштина Кисела Вода во град Скопје за работа со поголем број деца од утврдените стандарди и нормативи на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (“Службен весник на РМ” бр. 28/14, 40/14, 136/14, 71/15 и 170/16);
16. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година на Општина Кисела Вода;
17.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Борче Лазаровски;
18.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Теодор Богоевски;
19. Советнички прашања;