Со активностите за чистење на урбаните заедници Кисела Вода и Расадник собрани се 7 тони смет

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода спроведе голема акција за расчистување на сметот во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

Во овие урбани заедници, во рамки на есенската акција за чистење, сезонските работници ангажирани од локалната самоуправа извршија целосно расчистување на отпадоците на тротоарите, улиците и тревните површини, кои се под нејзина надлежност. 

Со акцијата беше опфатено и кастрење на гранките на дрвајата, а во исто време се собираше и кабаст отпад.

Минатата недела активности за средување на училишниот двор се одвиваа и во ООУ „Кузман Шапкарев“, во Драчево. Имено, со овие активности кои исто така ги спроведе Општина Кисела Вода беше извршено целосно расчистување на сметот во дворот, беа искосени нараснатите тревни површини, а скастрени беа и гранките на дрвајата и грмушките.

Покрај ова, изминатиов викенд, вработените во ЈДГ „Весели Цветови“ заедно со родителите на дечињата кои ја посетуваат  оваа градинка, спроведоа еколошка акција за чистење на дворовите во нејзините 6 објекти. Во оваа акција дворната ограда на објектот „Сончоглед“ доби нова боја.

Есенската акција за чистење на Кисела Вода, утре и задутре ќе продолжи да се одвива во месните заедници Припор и Усје.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да се придржуваат до Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поубава Кисела Вода.

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Следува богат спортски викенд во Кисела Вода https://t.co/FuWzSPABGN
O_KiselaVoda Од денес на улицата „Антон Попов“ се воведува привремен сообраќаен режим https://t.co/eYj7BZCmx9
O_KiselaVoda Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик https://t.co/Lrone9unY2