Општина Кисела Вода започна со активности за чистење на сметот во Припор и Усје

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција за чистење на својата територија започна со активности за расчистување на сметот во месните заедници Припор и Усје.

Во овие месни заедници, во моментов се врши расчистување на сметот на сите јавни површини кои се во надлежност на Општина Кисела Вода. Се чистат тротоарите, улиците и тревните површини. Со акцијата опфатено е кастрење на гранките на дрвјата и грмушките.

Во исто време се одвиваат и активности за собирање на кабаст отпад.

За успешно одвивање на оваа акција, Општината вклучи 20 сезонски работници и еден камион.

Локалната самоуправа од почетокот на есенската акција, досега спроведе активности за чистење во повеќе месни и урбани заедници.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK