Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита еден од најсветлите македонски празници, 11 Октомври, Денот на антифашистичкото востание.
На овој ден, пред 77 години, македонскиот народ се крена на вооружено востание против фашистичкиот окупатор, востание со кое отпочна сенародната борба за слобода на Македонија. Во оваа вооружена борба, македонските партизани дадоа голем придонес во победата над најголемото зло на светот, нацизмот и фашизмот.
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ против најтемната идеологија, фашизмот.
Да живее Македонија!