Граѓаните го кажаа своето! Општина Кисела Вода ги повикува и невладините и спортските здруженија да учествуваат во креирање на Буџетот!

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите невладини здруженија, граѓански организации и здруженија, културно-уметнички друштва да бидат дел од работната средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски која ќе се одржи во четврток со почеток во 11 часот во Големата сала на Општината. Состанокот има цел да се слушнат барањата и потребите на овие субјекти, за истите да можат да бидат испланирани и вклучени во Буџетот за 2019 година, кој во моментов е во подготовка.

Воедно, Општината упатува повик и до сите спортски субјекти лоцирани на оваа територија, клубови, здруженија, организации, да ги презентираат своите потреби и барања пред градоначалникот Темелковски, бидејќи, како што е планирано, во Буџетот ќе бидат издвоени средства за унапредување и развивање на спортот, како еден од приоритетите на оваа локална самоуправа. Работната средба со спoртските субјекти е закажана за четврток, во 12:30 часот, во Големата сала на Општина Кисела Вода.

 

Заради подобра организација на настанот би ве замолиле, претставниците од невладиниот сектор своето присуство да го потврдат до среда, до 16 часот  на телефонскиот број 078/226148 (лице за контакт Ана Ѓуроска),  додека претставниците од спортските здруженија на телефонскиот број 078/239064 (лице за контакт Зоран Николов).

Инаку, минатата седмица финализираше и циклусот посети на сите месни и урбани заедници на градоначалникот Темелковски и неговиот тим, на кои граѓаните имаа можност директно да ги истакнат своите желби, барања и проблеми кои се под ингеренции на локалната самоуправа, како би можело навремено да се интервенира за нивно решавање. Идеите, предлозите и реалните барања што беа презентирани се ставени на листата со приоритети на општината и ќе бидат темел при формирањето на Буџетот за 2019 година.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес во Кисела Вода по повод Светскиот ден на дијабетесот ќе се игра женска одбојка https://t.co/MO5g5lRH5o
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денес една улица во Драчево без струја https://t.co/eUL8otDxg1
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерски Центар - Скопје ја подигнува јавната свест за почиста животна среди… https://t.co/EEzqnfaSTO