Граѓаните, невладините организации и спортски субјекти учествуваат во креирање на Буџетот на Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денес, во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа работна средба на која претставниците на невладините здруженија и спортски субјекти имаа можност да учествуваат во креирање на Буџетот на општината за 2019 година, кој во моментов е во подготвка.

На оваа работна средба претставниците на спортските субјекти, невладините и граѓански организации, културно-уметнички друштва, пред градоначалникот Филип Темелковски ги претставија своите потреби, предлози и идеи кои би придонеле за подобрување на нивната работа во 2019 година.

Темелковски се интересираше и за активностите кои тие планираат да ги започнат во иднина. Воедно, градоначалникот нагласи дека сите добри предлози ќе бидат разгледани и ќе бидат прифатени. Додека, пред претставниците на спортските клубови Темелковски истакна дека поддршката која Општината досега им ја дава ќе продолжи и во иднина се со цел да се омасови интересот за спортот и клубовите да постигнуваат подобри резултати.

Покрај ова, минатата седмица финализираше и циклусот посети на сите месни и урбани заедници на кои граѓаните пред градоначалникот Темелковски и неговиот тим, даваа идеи и совети  за подобрување на секојдневниот живот во нивните населени места. Тие ги претставија и проблемите со кои се соочуваат, на што од страна на градоначалникот Филип Темелковски им беше нагласено дека истите ќе се разгледаат и доколку се во ингеренции на локалната самоуправа во најбрз рок ќе се преземат мерки за нивно отстранување. Сите реални барања, идеи и предлози што беа презентирани на овие состаноци се ставени на листата со приоритети на општината при формирањето на Буџетот за 2019 година.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес во Кисела Вода по повод Светскиот ден на дијабетесот ќе се игра женска одбојка https://t.co/MO5g5lRH5o
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денес една улица во Драчево без струја https://t.co/eUL8otDxg1
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерски Центар - Скопје ја подигнува јавната свест за почиста животна среди… https://t.co/EEzqnfaSTO