Денес министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов заедно со градоначалниците на Општините Кисела Вода и Аеродром, Филип Темелковски и Златко Марин, го означија почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево. Присутен на настанот беше и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.
Имено, од оваа санација бенефит ќе има локалното население како и оние кои секојдневно го користат патот.
За реконструкција на патот обезбедени се средства од Светска банка.