Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ продолжуваат да победуваат на секој одигран натпревар на домашен и на гостински терен.
Вчера во рамки на седмото коло од првата женска кошаркарска лига девојките на клубот од Кисела Вода на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ извојуваа убедлива лесна победа против екипата на ЖКК „Пелистер“ од Битола, со резултат 100:29. Баделки повторно покажаа дека се незапирливи, без пораз досега. Следниот викенд единствените непоразени клубови во лигата „Бадел“ и „Вардар“ силите на теренот ќе ги одмерат во малата сала во СРЦ „Кале“.
На натпреварот со најмногу постигнати поени се истакна Наталија Секуловска 31.
За постигнатиот голем успех заслужни се и Ева Анастасова, Александра Стојановска 11, Катерина Поп Димитровска, Сања Адамовска 8, Цветанка Димова 22, Наталија Гаревска 4, Сара Максимовска 7, Сара Петровска 8 и Сандра Лазареска 9.