Трета јавна анкета за ДУП Градска четврт Ј20 – Блок 04 во Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Трета јавна презентација и анкета по  предлог ДУП  Градска четврт Ј20 – Блок 04, се одвиваше во просториите на Општина Кисела Вода.

 

Границите на опфат на оваа градска четврт со површина од 35,40 ха се протегаат на:

- североисток : по собирните улици „Антон Попов“ и „Димо Хаџи Димов“;

- југоисток: границата започнува да се движи по сервисната улица „Мариовска“;

- југозапад: по сервисната улица „Милан Мијалковиќ“;

- северозапад: границата по сервисните улици „Пржино“ и „Наум Охридски“;

- север: границата се движи по сервисната улица „ Павел Шатев“.

Најпрво пред претставници од институции и претпријатија, а потоа и пред граѓаните, жителите од овој дел на градот, планот беше стручно објаснет од страна на планерската куќа која го изведува урбанистичкото решение.

Беа изнесени конкретни прашања и забелешки, беше побарано и добиено стручно мислење околу извесни идеи, како и информација за досега прифатените сугестии од страна на Општина КиселаВода, Град Скопје и Министерството за транспорт и врски. За одредени забелешки, пак, им беше дадено образложение зошто не се прифатени во сега понуденото  предлог решение.

Ваквата анкета се спроведува со цел Деталниот Урбанистички План да биде направен по мерка на граѓаните и да одговара на нивните реални потреби, а воедно да ги задоволува и сите законски предвидени критериуми. Токму затоа, и забелешките од денешната средба, заинтересираните можат да ги достават преку анкетни ливчиња кои се достапни во просториите на нивните урбани заедници, У.З.,,Црниче”, (ул.Наум Охридски бб), У.З.,,Пржино‘’ (Милан Мијалковиќ бб) и У.З.,,Бирарија’’ (Томе Арсовски бр.49/8), секој работен ден од 7-15 часот, се до 14 февруари.

Воедно, таму е изложен и предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј20 – Блок 04, но истиот е достапен и на веб страницата на Општина Кисела Вода.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода жали за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа. Овие тешки денови никогаш да не се повтор… https://t.co/wg7w6qlfyA
O_KiselaVoda Функционирањето на „Црвениот крст“ претставено во Општина Кисела Вода https://t.co/ZLuxPeOqoh
O_KiselaVoda КК „Ангели“ забележа две победи https://t.co/WD9azoVn31