Општина Кисела Вода станаа членка на Собранието на Институтот за стандардизација

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес во својот кабинет оствари работна средба со директорот на Институтот за стандардизација на Република Македонија м-р Џеват Кицара.

Градоначалникот и директорот дискутираа за идната соработка помеѓу двете институции. За таа цел, на крајот од состанокот Темелковски и Кицара потпишаа меморандум за соработка, преку која во периодот што следува ќе се работи на спроведување на активности според европски стандарди и регулативи.

Со ова Општина Кисела Вода станаа нова членка на Собранието на Институтот за стандардизација. Присутни на состанокот беа претседтелот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ и секретарот на Општината Александар Алексовски.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK