Општина Кисела Вода, Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ извршија целосно расчистување на сметот во студентскиот дом „Пелагонија“

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани и директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ Бујар Муртезани извршија увид во активностите за чистење на неговиот двор.

-Сите општини да се грижат за подобрување на нивото на јавна хигиена и сите граѓани заеднички да помогнеме во оддржувањето на јавната хигиена на Градот. Овие диви депонии, што можевме да ги видиме, ги создаваат луѓе. Отпадот не никнува од земја, туку ние сме тие што сме одговорни за неговот создавање. Токму затоа апелирам до граѓаните на нашиот град и до студентите отпадот да го фрлат таму каде што му е местото, кај корпите и контејнерите. Меѓутоа мора да разбереме дека изборот е наш дали сакаме да живееме во чист или валкан град, изјави Петре Шилегов. Градоначалникот Шилегов нагласи дека градот Скопје ќе продолжи да работи во насока за почиста животна средина.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски во својата изјава информираше дека Општината два пати во годината спроведува акции за собирање на кабаст отпад. Темелковски најави дека во периодот што следува на територијата на локалната самоуправа ќе се оплеменат два нови паркови со цел за позелена и почиста Кисела Вода. Воедно потсети дека во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило" минатата година од депонија се направи нов  парк. Градоначалникот се заблагодари до сите вклучени во оваа акција и апелираше до сите граѓани заеднички да ја зачуваме животната средина.

– Секој ден во неделата ќе исчистиме по една црна точка – започнавме во Топана, денес сме во студентскиот дом „Пелагонија“ и до крајот на неделата ќе посочиме уште неколку локации каде што и покрај секојдневните интервенции на нашите екипи постојано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните – изјави Абдусамед Шабани, директор на ЈП ”Комунална хигиена” 

-Јас и службите сме во редовна комуникација со студентите. Грдата слика го нарушува имиџот на домот. Ќе биде поставен видео надзор и ќе има санкции. Сите студенти посовесно да се однесуваат, изјави Бујар Муртезани, директор на студентскиот дом „ Пелагонија“.

За успешно спроведување на оваа акција од страна на Општина Кисела Вода и „Комунална Хигиена“ беа вклучени повеќе работници и механизација.

Имено, овие активности  беа спроведени по бројните реакции на социјалните мрежи за мини депонијата во дворот на студентскиот дом која беше создадена од несовесни студенти кои престојуваат во истиот.

Покрај ова сезонските работници на Општина Кисела Вода денеска извршија целосно расчистување на сметот долж бул. Србија од Усје до Пинтија.  Во оваа акција беа собрани 80 вреќи смет.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода жали за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа. Овие тешки денови никогаш да не се повтор… https://t.co/wg7w6qlfyA
O_KiselaVoda Функционирањето на „Црвениот крст“ претставено во Општина Кисела Вода https://t.co/ZLuxPeOqoh
O_KiselaVoda КК „Ангели“ забележа две победи https://t.co/WD9azoVn31