Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерски центар - Скопје и ХОПС спроведе голема еколошка акција

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода се приклучи на иницијативата на Волонтерскиот центар – Скопје за заедничко расчистување на сметот на ул. „Емил Зола“ во УЗ „Цветан Димов“.

За успешно спроведување на акцијата за чистење беа вклучени членови на Волонтерски центар - Скопје, сезонски работници на локалната самоуправа, како и дел од вработените во Одделението за животна средина и Секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со опшествените организации.  Во овие активности беше вклучен и еден камион на Општината.

Покрај оваа акција, денеска Општина Кисела Вода во соработка со невладината организација ХОПС по добиена пријава од граѓани спроведе работни активности за расчистување на медицински отпад (шприцови, игли и др.) во УЗ Расадник.

Граѓаните во иднина доколку детектираат медицински отпад одложен на јавни површини, потребно е да пријават кај лицата задолжени за расчистување на истиот во невладината организација ХОПС - опција за здрав живот на телефонски број: 075 769 948.

Општина Кисела Вода повторно апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота. Општината како досега така и во иднина останува отворена за соработка со граѓаните, граѓанските организации и сл.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Од четврток ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода https://t.co/bhL7QIqYOB
9hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре дел од Кисела Вода без струја https://t.co/tUS9IPep4E
O_KiselaVoda Во Општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на унгарскиот народ https://t.co/KGBFRZZWGV