Во Општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на унгарскиот народ

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

По повод одбележувањето на Националниот ден на унгарскиот народ секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и неговата екселенција Ласло Дукс, Амбасадор на Република Унгарија во Република Северна Македонија положија цвеќе пред спомен плочата на големиот унгарски поет и еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година, Шандор Петефи.

Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Унгарија и Здружението на унгарците „Теледом“, неодамна распиша конкурс за истражувачка дејност на следните две теми: „Животот и делото на Лајош Кошут“ и „Историјат и значење на унгарската света круна“.

На конкурсот право на учество имаа сите ученици од општинските основни училишта до 10 - годишна возраст. За учество на истиот учениците претходно подготвија трудови во пишана форма (есеи, раскази и поезија), како и видео презентации. Изборот на најдобри литературни творби и видео презентации го направи комисија од Општината.

Секретарот Александар Алексовски, амбасадорот Ласло Дукс и претседателот на Здружението на унгарците во Република Северна Македонија Јожеф Шутуш на учениците кои подготвија најдобри литературни дела им доделија дипломи, додека на нивните ментори и останатите учесници им доделија благодарници. 

На настанот присуствуваа Горан Петковски, шеф на кабинет на градоначалникот Филип Темелковски, Зоран Ацевски и Дарко Филиповски, членови на Советот на Општина Кисела Вода.

Дипломи и благодарници добија:

I место - ученик Марија Поповиќ VIII 1 одделение, ООУ „Круме Кепески“ за темата  „Животот и делото на Лајош Кошут“, ментор Валентина Т. Стаматовска,

I место - ученик  Вероника Коруноска - VI в одделение, ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ за темата „Историјат и значење на унгарската света круна“, ментор Билјана Велковска Зиковска,

II место- ученик Јана Стефанова  IX 1 одделение, ООУ „Круме Кепески“, за темата  „Животот и делото на Лајош Кошут“, ментор м-р Татјана Пеливанова.

II место - ученик Нина Панчева - VI в одделение,ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ за темата  „Животот и делото на Лајош Кошут“, ментор Билјана Велковска Зиковска,

III место - ученик Цветанка Коруноска - VI в одделение ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ за темата  „Животот и делото на Лајош Кошут“,ментор Билјана Велковска Зиковска,

III место -ученик Јана Јовиќ- VIII 1 одделение, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ за темата „Историјат и значење на унгарската света круна“, ментор Елизабета Камческа,

Благодарници за учество им беа доделни на:

ученик Софија Мирческа - VI в одделение, ментор: Билјана Велковска Зиковска од ООУ „Невена Георгиева Дуња“,

учениците Ангелина Делова и Леонтина Костовска VII г одделение од ООУ „Рајко Жинзифов“,

учениците Луна Трајковска и Лора Јанкович - IX a одделение и Владимир Чуновиќ - IX в одделение од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“,

Од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“:

ученик Мила Трендовска- VII 3 одделение,

ученик Кирил Симоновски- IX 2 одделение, ментор Татјана Нанкова,

ученик Јована Симоновска -VII 3 одделение,ментор Татјана Нанкова,

ученик Тимон Поповски ,ментор Елизабета Камческа,

ученик Матеа Трајковска - VIII одделение, ментор Елизабета Камческа.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda На државно првенство во одбојка ООУ „Партенија Зографски“ освои 3 место https://t.co/fWAhJuO63W
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации https://t.co/gwSgAJ6q1q
O_KiselaVoda Велемајсторите Кутиров и Јаќимовиќ одиграа симултанка во Кисела Вода https://t.co/oo0XRaHz9G