Утре и задутре во Кисела Вода ќе се собира кабаст отпад

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ во четврток и петок кабаст отпад и електронска опрема ќе собираат во УЗ Драчево, МЗ Драчево и МЗ Подстаница.

Во истите урбани заедници, Општината ќе спроведе акција за расчистување на сметот на јавните површини кои се во нејзина надлежност. Во исто време ќе се средуваат детските игралишта, а ќе се кастрат и исушените гранки на дрвјата и грмушките.

Локалната самоуправа апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат до 11:00 часот пред своите домови, на улиците, но пред се потребно е да се внимава истиот да не го попречува движењето на возилата и пешаците. После опредленото време и датум забрането е одлагање на отпад.

Минатата седмица во Црниче и Пржино собрани беа 7 тони кабаст отпад.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK