Општина Кисела Вода ги обновува детските и спортски игралишта на својата територија

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода изврши целосна реконструкција на повеќе детски и спортски  игралишта на својата територија.

Досега реконструирани се игралиштата во: МЗ Подстаница, УЗ Драчево, МЗ Драчево, МЗ Пинтија и УЗ Кисела Вода. Во дел од нив покрај санацијата на постоечките реквизити поставена е нова урбана опрема и нови лулашки за деца.

Во моментов во тек се активности за фарбање на реквизитите на детското игралиште и урбаната опрема до Средното економско – правно училиште, „Васил Антевски - Дрен“.

Локалната самоуправа во периодот што следува ќе изврши целосна обнова на сите детски и спортски игралишта. Општината апелира до граѓаните за одговорно однесување, за зачувување на урбаната опрема и омилените игралишта на најмладите.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK