Општина Кисела Вода пред Велигден ќе им помогне на црквите Св. Ѓорги и Св. Никита

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денес секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и Зоран Ацевски, член на Советот на Општината беа во посета на една од најстарите цркви во Скопје, црквата Св. Ѓорги, лоцирана во урбаната заедница Кисела Вода.

Таму секретарот и советникот остварија работна средба со отец Ангел од кој побараа да ги информира за состојбата и потребите на црквата.

При оваа средба тие направија увид околу нејзиниот двор, ја посетија и црквата Св. Никита која се наоѓа во истиот,  со цел да ги детектираат недостатоците, како би можела локалната самоуправа пред големиот христијански празник Велигден да излезе во пресрет за отстранување на проблемите кои постојат.

Во периодот што следува ќе се реконструира дел од внатрешноста и надворешноста на црквите Св. Ѓорги и Св. Никита, ќе се изврши санација на патот кој води до нив, а ќе се подобри и неговото осветлување.

Датирањето на црквата Св. Ѓорги според легендите се поврзува со времето на царот Јустинијан од почетокот на 6 век. Воедно, оваа црква е најпосетена од страна на верниците за празникот Ѓурѓовден, празник кој е патронат на Општина Кисела Вода. Во дворот на црквите постоел извор за вода по кој населението ја именувало населбата.  

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK