Во Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик се собира кабаст отпад

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Активностите на Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ за собирање на кабаст отпад и електрoнска опрема продолжуваат да се одвиваат на територијата на локалната самоуправа.

Во моментов во месните заедници: Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик  се собира кабаст отпад, се расчистуваат отпадоците од јавните површини, се средуваат омилените игралишта на најмладите, а се кастрат и гранките на дрвјата и грмушките. Акцијата во истите месни заедници ќе продолжи и утре. 

Општина Кисела Вода информира дека кабастиот отпад граѓаните треба да го одложуваат до 11:00 часот покрај своите домови, на тротоарите, но пред се потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на пешаците. Одлагањето на отпад после опредeленото време е забрането.

Минатата седмица во урбаните заедници Расадник и Кисела Вода собрани беа околу 5 тони кабаст отпад.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa