Во организација на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа финалните кошаркарски натпревари

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денеска во Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија“, во организација и во рамки на натпреварувањата на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа последните финални кошаркарски натпревари.

На финалниот натпревар учениците од ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“ ја надиграа селекцијата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и со резултат 54:50 тие освоија 1 место. Додека, 3 место освоија учениците од ООУ „Кузман Шапкарев“ кои лесно ја победија кошаркарската екипа на ООУ „Круме Кепески“, со резултат 53:37. Ученикот Андреј Шошкиќ прогласен е за најдобар играч на финалните натпреварувања.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ на најуспешните им доделија пехари и медали. Градоначалникот Темелковски во своето обраќање пред присутните нагласи дека Општината ќе поддржува настани кои ќе имаат за цел да го развиваат спортот и воедно истакна дека од младите очекува да бидат најдобрите амбасадори на Кисела Вода. Натпреварите ги проследи и спортскиот директор на МКФ Владимир Темелковски.

Имено, натпреварувачката сезона на одигрување на училишни натпревари започна минатата година и на истата вкупно 288 ученици од сите осум општински основни училишта изминативе неколку месеци играа кошарка, одбојка и футсал.

Следниот месец ќе се одиграат финалните натпревари во футсал и одбојка.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa