По најавите на УХМР за бурата „Андреа“ градоначалникот Филип Темелковски одржа вондреден состанок со кризниот штаб на Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

По најавите на УХМР за претстојното невреме, бурата „Андреа“, вечерва градоначалникот Филип Темелковски во својот кабинет одржа вондреден состанок со кризниот штаб на Општина Кисела Вода.

На состанокот градоначалникот, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, помошник командирот на ПСОН Кисела Вода, Благоја Стојановски и претставници на кризниот штаб/вработени во Општината дискутираа за преземање на сите потребни мерки за заштита на населението од најавеното големо невреме кое се очекува да се интензивира во текот на утрешниот ден.

Локалната самоуправа апелира до граѓаните при електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, да не ги паркираат своите возила под дрвјата и во близина на одводните канали. Граѓаните проблемите/опасностите од временската непогода можат да ги пријават на бесплатниот телефонски број 195, во Центарот за управување со кризи.

Од УХМР најавија можни обилни врнежи од дожд со количина од над  50л/м2.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Деца од градинките и училиштата од Кисела Вода учествуваа на манифестацијата „Скопје цвета“ https://t.co/N0C9doNTFw
O_KiselaVoda На државно првенство во одбојка ООУ „Партенија Зографски“ освои 3 место https://t.co/fWAhJuO63W
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации https://t.co/gwSgAJ6q1q