Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода со цел да го унапреди и омасови спортот на својата територија, објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и за спортски манифестации.

За материјалната поддршка можат да аплицираат сите спортски субјекти кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на Општина Кисела Вода. Целта на доделувањето на помошта е подобрување на работењето на спортските субјекти кои се регистрирани и вршат дејност во Кисела Вода, за тековната 2019 година.

 

Пријавувањето кое започна денес, 17.05.2019 година ќе трае 5 работни дена до 23 мај, до 16:30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. „Петар Делјан“ бр. 17 или во архивата на Општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и институции - Комисија).

Заинтересираните пријавата за аплицирање на огласот и повеќе информации за истиот може да добијат на страната на Општина Кисела Вода на следните линкови:

- Оглас за материјална поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортски манифестации

- Пријава за аплицирање

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Деца од градинките и училиштата од Кисела Вода учествуваа на манифестацијата „Скопје цвета“ https://t.co/N0C9doNTFw
24hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda На државно првенство во одбојка ООУ „Партенија Зографски“ освои 3 место https://t.co/fWAhJuO63W
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации https://t.co/gwSgAJ6q1q