Велемајсторите Кутиров и Јаќимовиќ одиграа симултанка во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Кисела Вода е шаховска општина. Не само по шаховската историја што ја испиша ШК Кисела Вода, туку и по низа легендарни шахисти, сегашни велемајстори и идни шаховски таленти кои потекнуваат од Кисела Вода. 

А, денешниот ден, беше токму празник на шахот во општина Кисела Вода. Гости на шаховската лига „Кисела Вода 2019“ беа македонските велемајстори Роландо Кутиров и Драгољуб Јаќимовиќ. Тие ја прифатија поканата на Општината да одиграат симултанка на 21 табла. Меѓу „предизвикувачите“ се наоѓаше и талентираниот 15 - годишен, Дино Табаковски. Ждрепката посака, Кутиров кој потекнува токму од Кисела Вода, да игра на 10 додека Јаќимовиќ на 11 табли. 

Честа да го одигра  почетниот потек на шаховската сумултанка му припадна на градоначалникот Филип Темелковски, кој всушност беше иницијатор на шаховскот настан и на возобновувањето на „Шаховската лига Кисела Вода“. 

Иако, во текот на симултанката, шахистите од Кисела Вода импресионираа со својата борбеност, сепак на крајот, македонските велемајстори ја однесоа победата. Роландо Кутиров на одиграни 10 табли, славеше со 8:2, додека Драгољуб Јаќимовиќ на одиграни 11 табли победи со 9,5 : 1,5. Цел поен во средбата со Кутиров освои Кирил Николовски, најдобриот шахист на екипата ,,Пржино“ додека ремизираа,  неговиот соиграч Мирослав Ивановски и Никола Поповски од екипата на „село Драчево“.

Со одлична игра, цел поен во средбата со велемајсторот Јаќимовиќ, освои Милован Матовиќ од општинската екипа „Кисела Вода“, додека ремизираше Зоран Велковски член на екипата „Вембли“. 

Инаку, пред почетокот на симултанката, градоначалникот Филип Темелковски им додели пехари, дипломи и награди на најуспешните екипи на годинешната шаховска лига „Кисела Вода 2019 година“. Првото место го освоија шахистите од ,,Пржино“, второто место му припадна на „село Драчево“, додека на третото место се пласираа шахистите од екипата „Вембли“.       

Шаховската симултанка ја проследија и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и Дарко Филиповски, член на Советот на Општината.

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Деца од градинките и училиштата од Кисела Вода учествуваа на манифестацијата „Скопје цвета“ https://t.co/N0C9doNTFw
23hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda На државно првенство во одбојка ООУ „Партенија Зографски“ освои 3 место https://t.co/fWAhJuO63W
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации https://t.co/gwSgAJ6q1q