ООУ „Св. Климент Охридски“ од Кисела Вода доби награда за најубаво уреден двор на институција

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

ООУ „Св. Климент Охридски“ од село Драчево продолжува да освојува награди.

Училиштето во надлежност на Општина Кисела Вода на јавниот конкурс на Град Скопје, за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција), најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта, ја освои наградата за најубаво уреден двор на институција. Градот на ООУ „Св. Климент Охридски“ му додели парична награда во висина од 40.000 денари.

Градот Скопје со цел да ја подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина, во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата“ традиционално го објавува јавниот оглас.

Неодамна, на конкурсот „Предизвик за млади истражувачи 2“, ООУ„Св. Климент Охридски“ од Фондот за иновации и технолошки развој доби награда, финансирање на проект за „Квалитетот на воздухот во училницата“.

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Светскиот ден на децата одбележан во Кисела Вода #WorldChildrensDay #UnitedNations https://t.co/bxWbCH02Fc
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски изврши увид во градежните зафати за санација на патот кој води кон Теферич https://t.co/5ra6rTY8Bj
O_KiselaVoda Парковите во Кисела Вода збогатени се со нови високо квалитетни дрва https://t.co/1GswMlaUAV