Известување од Министерството за труд и социјална политика за одржување на јавна расправа

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ПУСУ Проект) кој се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предшколска возраст, Општина аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка.

Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предушилишна инфраструктура Министерството за труд и социјална политика и Општината Кисела Вода,  организираат  јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на веб страните на:Министерството за труд и социјална политика (http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx) и на Општина Кисела Вода (http://kiselavoda.gov.mk//).

Јавна расправа организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Кисела Вода ќе одржи  на ден 09.08.2019 година со почеток во 11 часот во просториите на Општина Кисела Вода (Сала на Совет).

Вашите коментари во однос на  реализацијата на проектот и документот може да ги доставите во рок од 14 дена по одржување на јавната расправа до Наташа Тасевска Стојановска  на  следнава меил адреса  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 Министерството за труд и социјална политика

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во Пинтија се асфалтираат улици и се гради атмосферска канализација https://t.co/1hbc721C4R
O_KiselaVoda Градоначалниот Филип Темелковски другаруваше со дечињата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Д… https://t.co/RfOoAFtPHj
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода сади 700 багреми покрај патот кон Теферич https://t.co/1rXwo3TmXp