Одржана јавна расправа за изградбата на нова градинка во Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода во соработка со Министерството за труд и социјална политика, денес во просториите на Општина Кисела Вода, одржаа јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни за активностите за изградба на нова градинка.

На расправата, Министерството за труд и социјална политика го презентираше проектот „Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка“ во Општина Кисела Вода во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект).

Имено, беше презентиран и основниот проект за надградба на детска градинка во Општина Кисела Вода за кој Општината доби грант кој што е финансиран од страна на Светска  банка.

Како што беше кажано пред присутните, сместувачките установи за згрижување на деца од предшколска возраст, како и нивните капацитети, не ги задоволуваат потребите на граѓаните на цела територија на државата, што воедно е и причинител за нискиот процент на згрижени деца во предшколска возраст. Имајќи ги во предвид ваквите податоци, Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, отпочна со реализација на Проект за “Унапредување на социјални услуги”, со кој се предвидува зголемување на капацитетите на постоечките установи преку нивна реконструкција, доградба или изградба на нови објекти.

Општина Кисела Вода аплицираше со проект за изградба на модерна, енергетски ефикасна детска градинка во урбаниот дел на Општина Кисела Вода, во населба Драчево. Локацијата предвидена за изградба има површина од 600m2и се предвидува да се сместат 125 деца. Со реализација на предвидените проектни активности за кои општината го доби грантот, финансиран од страна на Светска  банка, ќе се овозможат поквалитетни услови за згрижување на децата како и зголемување на сегашните капацитети во населба Драчево.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во Пинтија се асфалтираат улици и се гради атмосферска канализација https://t.co/1hbc721C4R
O_KiselaVoda Градоначалниот Филип Темелковски другаруваше со дечињата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Д… https://t.co/RfOoAFtPHj
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода сади 700 багреми покрај патот кон Теферич https://t.co/1rXwo3TmXp