За заштита од аерозагадувањето општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2200 маски

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода за дечињата кои ги посетуваат објектите на двете јавни детски градинки кои се под нејзина надлежност обезбеди 2200 маски кои ќе им помогнат за заштита на здравјето од аерозагадувањето.

 

За таа цел, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ денеска во ЈДГ „8 - ми Март“, во објектот  „Расадник“ и ЈДГ „Весели Цветови“ на децата им подели маски за заштита од загадениот воздух. Шимиќ на дечињата им објасни како и зошто треба да ги носат истите. 

Заштитни маски ќе им бидат поделени на децата во  сите објекти на ЈДГ „Весели Цветови“  и ЈДГ „8 - ми Март.

Доделувањето на маските е дел од мерките кои Општина Кисела Вода ги презема за заштита на здравјето на најмладите свои жители. 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa