Жителите на Кисела Вода ќе добијат реконструирана трим патека

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

На најдолгата трим патека во Кисела Вода, која е во должина од повеќе од 2 километри овој месец ќе започнат градежни активности за целосна санација.

За таа цел, денеска градоначалникот Филип Темелковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направија увид на трим патека во Општина Кисела Вода.

„Денеска сме тука на трим патеката да ивршиме увид, за да видиме во каква состојба е истата. Овој проект што го даде Општината, Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Северна Македонија ќе извршат санација на патеката во должина од 2 километри и 200 метри, се со цел да се направи подобра патека што ќе им служи на граѓаните. Уште пред неколку месеци со градоначалникот извршивме увид и видовме дека е од нужно значење целосна реконструкција на патеката што ја користат сите граѓани на Општина Кисела Вода и на градот Скопје. Со оваа реконструкција ќе направиме соодветно место каде што граѓаните дополнително ќе ги мотивираме, ќе ги потикнеме да спортуваат, да се рекреираат, да пешачат, а со тоа ќе дадеме уште една нова спортска вредност.  Верувам дека заеднички можеме да направиме дополнителна спортска инфраструктура која што дополнително ќе ги подигне спортските стандарди во нашата држава“ изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Каевски најави дека во периодот што следува дополнително ќе се рекоструира и цела постоечка спортска инфраструктура. На крајот од својата изјава, директорот Каевски се заблагодари на градоначалникот и на Советот на Општината за се што досега направија за спортот и за жителите на Кисела Вода.

„Пред се благодарност до Агенцијата за млади и спорт што прифати да го финансира проектот изработен од Општина Кисела Вода, за реконструкција на трим патеката. Санацијата ќе опфати проширување на трим патеката, а дополнително како што најави  Градот Скопје ќе се реновираат и парковите во урбаните заедници „11 Октомври-бараки“ и „Цветан Димов“.  Со ова ќе направиме една голема целина од преку 2 километри,  каде што граѓаните ќе имаат каде да рекреираат и да шетаат.

Градоначалникот Темелковски додаде дека во парковите, Општина Кисела Вода ќе има обврска да постави нова урбана опрема, клупи за одмор, летниковци, а и да направи фитнес зони.

Според предвиденото жителите на Кисела Вода напролет ќе добијат целосно реконструирана патека за спорт и рекреација.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa