ЖКК „Бадел 1862“ ќе реализира проект „Растеме со кошарката“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода, како авангарда на женската кошарка во Северна Македонија ќе реализира проект „Растеме со кошарката“.

 „Целта на проектот е психосоцијална поддршка на кошаркарките во нашиот тим, во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како група. Ние сме свесни дека психичкото и физичкото здравје се подеднакво значајни , така што поучени од светските трендови на големите спортски клубови, одлучивме да им овозможиме на нашите кошаркарки поддршка и од овој тип. Работилниците ќе ги опфатат нашите млади на возраст од 14 до 18 години. Во нашата држава нашиот клуб е прв со ваков проект“ - изјави Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862“.

Проектот ќе се одвива преку програма за раст и развој во области на интерес на младата популација, дискусии и креативни работилници. Реализацијата на програмата  ќе ја овозможат психолозите  Андријана Павловска Темелковска и Сандра Крстиќ, под менторство на искусниот училишен психолог и психотерапевт Ана Попризова.

ЖКК „Бадел 1862“ оваа година од Општина Кисела Вода доби материјална поддршка. Локалната самоуправа на спортските клубови кои со своите програми придонесуваат за развој на спортот и за правилно насочување на младите, од почетокот на 2018 година, на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски им доделува финансиска помош.  

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa