Екипен шаховски турнир за учениците од Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода заедно со шаховскиот клуб “БМ-Кисела Вода” организира прв екипен турнир во шах во Кисела Вода за дечињата од основните училишта од овој дел на Скопје.

Од 02 до 06 март, 96 талентирани ученици ќе се натпреваруваат во три возрасни категории: деца од прво до петто одделение, деца од шесто и седмо и ученици од осмо и деветто одделение, при што секој учесник ќе игра со сите останати од својата категорија, односно по 7 партии.

Од пред десетина дена тече селекцијата на натпреварувачите. Наставник од училиштето мобилизира ученици кои или знаат или сакаат да научат да играат шах. Потоа велемајсторот Роландо Кутиров и интернационалниот мајстор Дејан Стојановски им вршат презентација за придобивките од шаховската игра врз когнитивниот развој, по што учениците играат шах, а Кутиров и Стојановски  вршат селекција на 12 ученици од секое училиште.

Досега селекција е направена во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, во ООУ “Рајко Жинзифов” во населбата Драчево и во ООУ “Партенија Зографски”. Денес избор се прави во ООУ “Кузман Шапкарев” во н. Драчево, утре во “Св. Климент Охридски” во селото Драчево, во понеделник во “Кузман Јосифовски Питу” во населбата Црниче, додека следната седмица ќе се селектираат по 12 ученици од ООУ “Невена Георгиева Дуња” и од ООУ “Круме Кепески”.

Општина Кисела Вода е првата локална самоуправа која организира и финансиски поддржа ваков проект за екипен турнир во шах во основните училишта. Истиот е дел од стратегијата за подобрување на логиката и меморијата кај учениците. Воедно, во четврток ќе се одржи поединечен турнир во шах, а од март започнува и шаховска школа во ООУ “Невена Георгиева Дуња” водена од велемајсторот Роландо Кутиров.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa