Во Кисела Вода во градинките, основните и средните училишта се врши дезинфекција

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Центарот за јавно здравје спроведува голема акција за дезинфекција во сите детски градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода.

Работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот, Центарот за јавно здравје во соработка со Општина Кисела Вода ги врши врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство.

Со цел за заштита на здравјето од корона вирусот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски апелира до граѓаните во целост да ги почитуваат препораките дадени од Владата и Министерството за здравство. Градоначалникот Темелковски ги поздравува и упатува голема благодарност до медицинските лица, полициските службеници и до сите останати вклучени во борбата против корона вирусот.  

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa