Забрана за користење на сите детски игралишта и за собири на отворено

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода упатува апел до сите свои жители за некористење на детските игралишта, спортските терени на отворено и фитнес зоните кои се лоцирани на наша територија. Од наша страна, во текот на денешниот ден беше извршена дезинфекција на истите, но опасноста демне од  собирањето на групи на деца и родители, со што се зголемува можноста за ширење на Covid – 19  (коронавирус).

Ги повикуваме сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони. Воедно,согласно Владината одлука, од вчера целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија. Со оглед на тоа што има податоци дека многу често мерките не се почитуваат, во текот на денешната седница на Владата ќе биде предложено заострување на одредени мерки, посебно во делови од државата каде е регистрирано непочитување.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa