Општина Кисела Вода информира дека утре од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од улиците „Тодор Александров“ и „Славејко Арсов“.
Од ЈП „Водовод и канализација" соопштија дека прекинот ќе трае се до завршување на работните активности и истиот ќе биде поради изведба на водоводен приклучок на улицата „Тодор Александров" бр. 77.