Со најавата на Владата за отворање на градинките и започнување со работа од 09.09. (среда), градинките на територијата на општина Кисела Вода се целосно подготвени за згрижување на децата.
Поради целосно реновирање на објектот “Расадник” и подобрување на условите за прием и згрижување на деца од предучилишна возраст, во завршна фаза е обновувањето на подот (стружење и лакирање) и целосно уредување на просториите согласно здравствените протоколи.
Во таа насока, почнувањето со работа на овој објект ќе започне на 14.09.2020 (понеделник), со што на нашите најмали сограѓани ќе им се овозможат квалитетни услови за згрижување.