Општина Кисела Вода го честита Светскиот ден на децата – 20 Ноември, денот на усвојувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата во 1989 година.
Како локална самоуправа, во целиот овој период со дела докажуваме дека децата се наша најголема грижа и дека посветено работиме на унапредување на нивните права, на создавање на подобри услови за нивно живеење, на обезбедување на квалитетна настава во современи услови. Преку реализираните проекти кои во фокус го имаат детето и неговите права, работиме и на подигнување на свеста за важноста на овие прашања кај секој поединец. На овој начин, се надеваме дека ќе успееме во нашата цел, обезбедување еднакви шанси и подобар живот за секое дете. Децата се нашиот влог во иднината, во општеството какво што сакаме тоа да биде.