Сениорската екипа на КК „Ангели“ од општина Кисела Вода една година нема загубено ниеден натпревар. Кошаркарите на „Ангели“ досега имаат забележано 15 победи по ред.
- Нашата сениорска екипа, оваа сезона е перфектна и од одиграни осум кола е со исто толку победи. Сакам да нагласам дека 2020 година ја завршивме без загубен натпревар. Ова импресивно достигнување нашата екипа од Кисела Вода го започна на 14 декември во 2019 со победа над тимот на КК „Албест“ со резултат 80:68, и од тој ден имаме 15 победи по ред. Ќе потсетам на резултатите од досегашните победи, на 21.12.2019 КК „Ангели“ – КК „Хераклеа“ од Битола 85:50; 01.02.2020 КК „Ангели“ – КК „Црн Дрим“ од Струга 90:81; 08.02.2020 КК „Мега Баскет“ од Прилеп – КК „Ангели“ 70:101; 22.02.2020 КК „Чаир 2030“ - КК „Ангели“ 72:85; 29.02.2020 КК „Ангели“ – КК „Тетекс“ од Тетово 85:48; 07.03.2020 „Спорт Тим“ од Неготино - КК „Ангели“ 43:114. Овие натпревари се од сезоната 2019/2020 која беше прекината поради пандемијата со вирусот Ковид - 19. Во новата сезона 2020/2021 екипата на КК „Ангели“ прикажа уште подоминантна игра и во првиот дел после 8 одиграни кола сеуште сме единствена непоразена екипа. Победивме на следните натпревари: КК „Ангели“ – „Баскет Кам“ од Македонска Каменица 96:66, КК „Струмица“ - КК „Ангели“ 46:67; КК „Ангели“– КК „Феникс“ 69:65; КК „Ангели“ – „Куманово 2“ 96:74; КК „Ангели“ – „Борец Баскет“ од Велес 83:56; КК „Ангели“ – „Про баскет“ од Радовиш 90:54; КК „Ангели“ – КК „Куманово“ 84:60; КК „Ролинг 08“ од Струмица - КК „Ангели“ 58:111 - изјави Благоја Кечовски, менаџер на КК „Ангели“.
Екипата на КК „Ангели“, и на последниот натпревар, изминатиот викенд со резултат 84-60 ја победи и екипата на КК „Куманово“.