КК „Ангели“ минатата седмица на два одиграни натпревари забележа победи. Кошаркарите на клубот од Кисела Вода, во четвртокот на гостински терен ја надиграа екипата на „Шкупи“, со резултат 67:61, а во неделата на домашен терен со голема резултатска разлика 80:63 ја победија и екипата на КК „Струмица“. Со последната десетта победа КК „Ангели“ останува на првото место на табелата во Втората кошаркарска лига.